Аплицирај за бесплатна продавница

Mastercard и Grouper вложуваат во развој на е-трговијата и помош на бизнисите

Биди дел од најголемиот онлајн шопинг центар во Македонија - Grouper Shopping Mall powered by Mastercard. Со наша помош и поддршка имаш можност на брз и лесен начин да се приклучиш кон мрежата на е-трговци и да ги продаваш твоите производи на најголемиот онлајн пазар во земјава.

Зошто Grouper продавница?

Сé на едно место. Комплетно решение за вашиот бизнис!

Готово софтверско решение

Програмирањето е најтешкиот дел во приказната на онлајн продавницата. 9 годишно искуство го претопивме во лесен систем за навигација со вашата компанија.

Корисничка и техничка поддршка

Тука сме за вас! Корисничка поддршка за тековните проблеми и техничка поддршка за вашите нови потреби за дедицирани маркетинг алатки.

Маркетинг платформа

Нудиме и целосна маркетинг стратегија за вашата продавница преку дополнителни алатки за промоција кои ќе ви бидат достапни во секое време.

Најголема база на корисници

Во првиот ден добивате пристап на најголемиот онлајн пазар на производи во Македонија. Grouper.mk има над 30.000 посети во само еден ден, и над 250.000 корисници.

Grouper мобилна апликација

Со додавање на вашите производи, автоматски ги објавувате на најпопуларната мобилна апликација во Македонија. Достапна на Android и за iOS со преку 150.000 инсталации.

Сертифицирана онлајн продавница

Безбедноста пред се! Вашата продавница на Grouper.mk е во сигурни раце. HTTPS сертификат за безбедност е гаранција за вашата база на податоци и нарачки.

Како ќе ги поддржиме малите бизниси?

Mastercard и Grouper вложуваат во развој на е-трговијата и помош на бизнисите, преку овозможување на бесплатни пакети за отворање на онлајн продавница на Grouper Shopping Mall, како и попусти на пакети по избор.

x30 бесплатни Start пакети

Годишен пакет за отворање на твоја онлајн продавница со имплементиран безбеден сертифициран payment систем, платформа за додавање производи, процесирање на нарачки, хостинг простор

x1 бесплатен Premium пакет

Годишен пакет за отворање на твоја онлајн продавница со имплементиран безбеден сертифициран payment систем, платформа за додавање производи, процесирање на нарачки, хостинг простор + комплетна маркетинг стратегија и буџет за промоција на продавницата во вредност од 2000€

Бесплатните пакети ќе бидат доделени по принципот прв дојден прв услужен на ограничен број на компании. Сите останати пријавени ќе имаат можност да добијат и до 50% попуст на пакет за онлајн продавница по избор. 

За кого е наменета оваа поддршка?

  • За микро и мали бизниси
  • За бизниси кои немаат свој онлајн канал за продажба
  • Бизниси кои се спречени да ја извршуваат својата дејност на продажба на својата физичка локација поради новонастанатата ситуација со COVID-19.

Аплицирај за бесплатна продавница

Остави ни ги твоите податоци и ние ќе те контактираме

.